Барса ги растури „кралевите“ и го освои Суперкупот игран во С. Арабија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона триумфираа во шпанскиот Суперкуп, кој викендов се играше во Саудиска Арабија, откако во вечерашното големо финале неочекувано лесно го растурија Реал Мадрид (3-0).

Роберт Левандовски и Гави завршија најголем дел од работата уште во првото полувреме и тоа во последните 15 минути од овој период, откако постигнаа по еден гол на кој еден на друг си асистираа. Прв погоди Гави во 33. минута на додавање на Полјакот, кој потоа умешно искористи негово маестрално додавање во 45. минута. Точка на средбата стави Педри во 69. минута, а Карим Бензема во третата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат.

- Реклама -