ПСЖ го плаќа данокот – и втор пораз во петте меча по Мундијалот (ВИДЕО)

Екипата на ПСЖ имаше голем број претставници на Мундијалот во Катар, меѓу кои и главните актери во финалето помеѓу Аргентина и Франција, што донесе големо трошење на фудбалерите кое резултира и со втор пораз во петтиот меч по пресметката на најдобрите во светот.

„Светците“ по неуспехот во првиот ден од новата година кај ленс (1-3), вечерва загубија и на гостувањето кај Рен (0-1) и тоа откако немаа ниту еден неуспех во првите 15 меча од француското првенство. ПСЖ настапи со тројцата најдобри, Меси, Мбапе и Нејмар, но ниту тоа не беше доволно да се скрши жилавиот домаќин, кој победничкиот гол го постигна преку Траоре во 65. минута (голот ТУКА).

- Реклама -