Лазаров: Во мое време победувавме и без добра атмосфера, а сега…

Кире Лазаров беше далеку посталожен по поразот од Холандија вечерва (24-34), отколку по првиот меч, со Норвешка, а со медиумите сподели дека има разлика во психологијата на оваа генерација и на онаа неговата, која пред нешто повеќе од 10 години почна да се етаблира во Европа.

Лазаров потенцира дека не недостига другасртво меѓу актуелните репрезентативци, но очигледно тоа не е клучот до добра игра на теренот. Направи паралела со времињата, кога неговата генерација отворено имаше несогласувања во соблекувалната, а сепак победуваше.

- Реклама -