Владата на Турција нуди 500.000 евра за било каква информација за локацијата на Кантер!

Енес Кантер е голем противник на властите во Турција, па поради тоа се наоѓа во бегство и не смее да се врати во својата татковина.

Познатиот кошаркар повеќе пати го критикуваше претседателот Реџеп Таип Ердоган и сега беше распишана потерница при што се нуди до 500.000 евра за информации за неговата локација.

Кантер поради неговите ставови го донесе и своето семејство во опасност, па така неговиот татко беше уапсен неколку пати и означен како член на терористичка организација.

- Реклама -