И ЕХФ потврди: Обвинувањата кон Начевски и Николов се неосновани!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) јавно ги отфрли обвинувањата кон осумте судиски двојки, меѓу кои и Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Во соопштението објавено на официјалната веб-страница на ЕХФ, се потврдија сознанијата на Спорт1, дека обвинувањата од данската ТВ2 и извештаите на Спортрадар, на кои таа се повикува, веќе поминале низ австриските надлежни органи и се отфрлени како неосновани шпекулации.

- Реклама -