Лил со „петарда“ ја распарчи Троа

Поранешниот француски шампион Лил одигра одличен натпревар против Троа и славеше со 5-1 во 19. коло од Лига 1.

Лил постигна два гола во првото полувреме преку Бајо и Давид, додека во вториот дел паднаа уште три гола во мрежата на гостите.

Најпрво Бајо зголеми на 3-0, по што Балде стрелаше за Троа (1-3), но домаќинот ниту во продолжение немаше милост и преку Вирџиниус и Давид ги постави конечните 5-1.

Лил има 34 бодови и се наоѓа на делбата на четвртата позиција со Рен, додека до топ-3 позициите ги делат осум бода.

- Реклама -