Обвинетите Начевски-Николов суделе средбите да завршат нерешено?!

Дански „ТВ2“ утрово објави шокантна вест за местење на ракометни натпревари во кои е вклучена и македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а сега открива повеќе детали за дуелите.

„ТВ2“ објави дека обвинетите Начевски-Николов суделе средбите да завршат со нерешен резултат на полувреме, данскиот медиум токму нив ги прозва за дуелот Горење – Целје од СЕХА лигата, одигран на 30 авуст 2017 огдина. Мечот завршил 12-12 на полувреме и 25-28 на крајот. 

Еден од сомнителните дуели е меѓу Веспрем и Вардар во СЕХА-лигата одигран на 6 декември 2016 година, кој го суделе Хрватите Губица – Милошевиќ. Тој дуел заврши 28-28, полувреме 12-12, а според медиумот забележани се сомнителни обложувања на уште 25 меча во европскиот ракомет.

- Реклама -