Абутовиќ: Ќе се бориме 60 минути против Германците без разлика каков е резултатот на теренот!

Во терминот кога Македонија игра против Холандија, од 18 часот, Србија ќе се бори со Германија на Светското ракометно првенство.

Србите имаат одлична репрезентација на овој Мундијал, во првото коло го совладаа Алжир со убедливи 36-27, а денеска ќе имаат вистински предизвик против Германија.

Поранешниот Вардарец, Илија Абутовиќ кој четири години играше во Бундеслигата во тимот на Рајн Некар, многу добро го познава противникот.

- Реклама -