Шолц: Русија престана да се заканува со нуклеарно оружје бидејќи меѓународната заедница „повлече црвена линија“

Опасноста Москва да употреби нуклеарно оружје во конфликтот во Украина е намалена бидејќи меѓународната заедница „повлече црвена линија“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Едно нешто се промени: Русија престана да се заканува со употреба на нуклеарно оружје“, рече германскиот канцелар во интервју за германската медиумска група „Функе“ и весникот „Уест Франс“ (Ouest France).

Шолц оцени дека таквата ситуација е резултат на тоа што меѓународната заедница, вклучително и Кина, „повлекла црвена линија“.

„Засега го запревме“, додаде Шолц, мислејќи на ризикот од нуклеарна ескалација.

Извор: МИА

- Реклама -