Тиjаго Силва стана најстар асистент на гол на Мундијалите (ФОТО)

Бразилскиот ветеран во дефанивата и капитен на „кариоките“, Тијаго Силва влезе во историјата на Светските првенства како најстар асистент на гол на еден меч на Мундијалите.

Силва вечерва му асистираше на Ришарлисон во магичната акција за третиот гол на Бразил и со тоа го надмина легендарниот Камерунец, Роже Мила. Силва аистенцијата ја запиша на 28 години и 74 дена и за 32 дена го надмина Мила.

Камерунецот досега беше најстар асистент со 38 години и 42 дена на СП во Италија во 1990 година, а неговиот рекорд како нјавозрасен стрелец останува тешко достижен зашто гол даде на 42 години на СП во САД во 1994.

- Реклама -