Шолц: Путин веќе не може да победи во воната во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин веќе не може да победи на бојното поле, оцени германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис.

Канцеларот повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“.

„Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку и јасно кршење на меѓународното право“, истакна Шолц.

Постапките на Русија, според него, „уште еднаш покажаа колку Путин е безмилосен“.

„Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убивање и целосно да ги повлече војниците од Украина и да се согласи на мировни преговори“, повика Шолц, пренесува „Дојче веле“.

Извор: МИА

- Реклама -