Фотоизложбата „Урбани рефлексии“ на Ристо Костовски во Кинотека

Од 16 април до 6 мај годинава, во Кинотека на Северна Македонија беше претставена изложбата „Урбани рефлексии“ на фотографот Ристо Костовски.

Поставката содржи шеснаесет дигитално печатени фотографии во боја во кои е претставена визијата на Костовски за неговиот роден град (Скопје, 1954). Основниот мотив е рефлексијата на стварноста разбрана во обете значења, и како одраз и како самопромислување.

По својата жанровска припадност, интересите на авторот се сместуваат на работ на таканаречената „улична фотографија“, односно фотографија на јавниот урбан простор и на неговите процеси.

Извор: Слободен печат

- Реклама -