Или корисници со потврден идентитет, или Фејсбук да сноси одговорност за анонимните навредливи објави, бара австралискиот премиер

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека дигиталните платформи како Фејсбук треба да одговараат за навредливите коментари кои корисниците ги објавуваат анонимно.

Морисон ги опиша социјалните медиуми како „палата на кукавици“, наведувајќи дека платформите треба да ги обврзат корисниците да го потврдат својот идентитет или да ја преземат вината за нивните насилни пораки.

„Кукавиците кои анонимно ги вознемируваат и малтретираат луѓето на социјалните мрежи и ги клеветат треба да одговараат за она што го кажуваат. Социјалните мрежи станаа палата на кукавици, каде што луѓето анонимно и неказнето можат да ги уништат животите на другите и да им упатат најтешки навреди“, рече Морисон.

Морисон веќе отвори серија прашања во врска со социјалните мрежи и ова прашање, за корисниците кои користат социјални мрежи за малтретирање на други, е уште едно во низата спорови.

Австралија неодамна донесе закон против овие компании, кој предвидува можност за затворање на нивните извршни директори во случај на објавување фотографии со насилни сцени на платформите.

МИА

- Реклама -