Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер недостапни во целиот свет

Њујорк, 4 октомври (МИА) – Некои од најпопуларните апликации за социјално вмрежување во светот – Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер „паднаа“ во цел свет.

Според вебс-траницата Даун Детектор (DownDetector), проблемите започнаа околу 16:44 часот по средно европско време и влијаат на потрошувачите ширум светот.

Мрежите сѐ уште се недостапни и нема коментар од компаниите за прекинот.

- Реклама -