Трајанов: Попишувачите да бидат вакцинирани

Не е спорно дека треба да има попис, неопходен за понатамошно планирање и развој, но спорни се неколку моменти околу разграничувањето на резидентното население од оние кое не живеат во државата, смета пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз – Павле Трајанов.

Во „24 Анализа“ на „ТВ24“, Трајанов посочи дека приоритет, кој бил и негова забелешка, е да се одвои кои се тие кои живеат во државата. Како што рече, тој предложил експерти од сите политички партии да бидат повикани од директорот на Заводот за статистика и тоа што е пропуштено во законот – да се вгради во методологијата, со цел пописот да има поддршка од сите партии, а самата методологија да биде усогласена со сите стандарди.

Од друга страна, до партијата на Трајанов пристигнувале и многу реакции од граѓани дека не треба да има попис во услови на пандемија. Во овој контекст, претседателот на Демократскиот сојуз предлага попишувачите претходно да се вакцинирани, бидејќи со посетата на домовите каде ќе попишуваат потенцијално го загрозуваат своето, но и здравјето на граѓаните.

- Реклама -