Ѓоргиев за интервјуто на Заев: Погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка

Копретседавачот на македонскиот дел од заедничката експертска комисија за историски прашања со Бугарија – историчарот Драги Ѓоргиев, не ги коментира изјавите на премиерот Зоран Заев во неговото вчерашно интервју за БГНЕС. Како што образложува за „Дојче веле“, политички изјави не сака да коментира, било да се од македонска или од бугарска страна.

Сепак, Ѓоргиев го открива својот став за сегашните состојби, кои, според него, се резултат на еден генерално погрешен пристап:

„Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка. Историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите. Комисијата треба да биде оставена да работи без мешање и притисок. Политиката треба да отвори простор за Комисијата, а не обратно“, порачува тој.

За потсетување, вчера најмалку двајца експерти од македонскиот дел од комисијата се оградија и ги осудија изјавите на премиерот Заев.

Инаку, во разговорот со „Дојче веле“, претседателот на македонскиот тим во комисијата ги сподели и моментите кои ги смета за најтешки во изминатиот период. За него, вели, најболно било сознанието колку малку меѓусебно се познаваат македонското и бугарското општество. Прочитајте ТУКА.

- Реклама -