„РКМ“ победник на тендерот на „Балкан Енерџи“ за набавка на мазут вреден 22 милиони евра

Производство на топлина „Балкан Енерџи“ ДООЕЛ Скопје, по распишаниот тендер за јавна набавка на масло за греење – мазут до 55.000.000 кг, склучи договор со друштвото за производство, трговија и услуги – „РКМ“ ДООЕЛ Скопје на Ратко Капушевски.

Вредноста на склучениот договор, со вклучен ДДВ, е 1.381.072.000 денари или околу 22 милиони евра.

Според договорот, „Балкан Енерџи“ ќе набавува мазут во периодот октомври 2020 – април 2021 година, но единственно во случај на прекин на снабдувањето со природен гас во топланите.

- Реклама -