Аеродром со 505 активни случаи на Ковид-19, трет ден по ред над 450 пациенти во болниците

По денешните 594 дијагностицирани нови случаи на Ковид-19, што е највисок дневен пораст од почетокот на пандемијата во земјава, на ниво на државата има вкупно 5.266 активни случаи.

Од нив, речиси половина, односно 2.515 се во главниот град. Меѓу општините, сѐ поубедливо на врвот е Аеродром – со 505 активни случаи, но сериозни бројки има и во неколку други. Дистрибуцијата изгледа вака:

• Чаир – 109
• Гази Баба – 256
• Аеродром – 505
• Карпош – 417
• Центар – 433
• Кисела Вода – 296
• Ѓорче Петров – 198
• Бутел – 97
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 7
• Илинден – 35
• Сопиште – 17
• Чучер Сандево – 8
• Петровец –13
• Зелениково – 7
• Странец – 11
• Нераспределен- 73

На ниво на државата, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:

• Скопје 9654, активни 2515
• Куманово 1957, активни 214
• Дебар 307, активни 48
• Штип 1433, активни 156
• Прилеп 897, активни 209
• Тетово 1692, активни 271
• Струга 747, активни 80
• Велес 425, активни 94
• Битола 452, активни 142
• Охрид 506, активни 72
• Кавадарци 304, активни 72
• Гостивар 1023, активни 94
• Гевгелија 252, активни 128 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 35 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 569, активни 357
• Крива Паланка 175, активни 60
• Радовиш 164, активни 72
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 556, активни 202
• Пробиштип 138, активни 23
• Демир Хисар 66, активни 5
• Македонски Брод 96, активни 2
• Пехчево 52, активни 8
• Берово 159, активни 36
• Валандово 79, активни 48
• Виница 147, активни 46
• Делчево 206, активни 110 (39 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 29, активни 5
• Свети Николе 420, активни 56
• Кичево 404, активни 71
• Ресен 191, активни 28
• Неготино 81, активни 27 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Денеска во болниците имало вкупно 452 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, што е трет ден по ред оваа бројка да ја надминува „границата“ од 450, откако вчера и завчера за првпат беше пробиена со рекордни 470, односно 461.

Во последните 24 часа на Инфективната клиника примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

- Реклама -