Рекорден број пациенти во болниците од почетокот на пандемијата, 1.802 активни случаи на Ковид-19 во главниот град

Во болниците и инфективните одделенија низ земјава утрово имало вкупно 432 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19, информира Министерството за здравство. Ваквата бројка е највисока од почетокот на „вториот бран“ наваму, а со тоа и од почетокот на пандемијата во земјава. Претходно, рекорден број пациенти беше забележан на 20, 27 и 28 јули, кога во болниците имаше 428 пациенти позитивни или сомнителни на Ковид-19. Новиот негативен рекорд доаѓа откако во последните 6 дена просечниот број на ковид-пациенти во болниците изнесуваше 414.

• Во последните 24 часа, на Инфективната клиника примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 54, а нема пациенти на механичка вентилација.
• Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
• Во ГОБ „8 Септември“ нема нови приеми, а вкупно хоспитализирани се 44 пациент. На респиратор се 2 пациенти.
• Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се 49 пациенти.
• На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 194, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

По денешните 80 новодијагностицирани, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996. По градови, дистрибуцијата изгледа вака:

• Скопје 8626, активни 1802
• Куманово 1886, активни 172
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1368, активни 123
• Прилеп 814, активни 163
• Тетово 1607, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 385, активни 63
• Битола 389, активни 102
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 281, активни 60
• Гостивар 991, активни 84
• Гевгелија 202, активни 92 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 29 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 260
• Крива Паланка 155, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 506, активни 213
• Пробиштип 129, активни 20
• Демир Хисар 62, активни 1
• Македонски Брод 95, активни 2
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 54
• Валандово 65, активни 41
• Виница 138, активни 45
• Делчево 193, активни 101 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 403, активни 58
• Кичево 357, активни 32
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 18 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Во главниот град, 1.802-та активни случаи, по општини, се распоредени вака:

• Чаир – 89
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 338
• Карпош – 317
• Центар – 328
• Кисела Вода – 209
• Ѓорче Петров – 154
• Бутел – 70
• Шуто Оризари – 13
• Студеничани – 3
• Сарај – 16
• Арачиново – 4
• Илинден – 31
• Сопиште – 12
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 6
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-20

- Реклама -