419 пациенти во болниците, повеќе од 4 илјади активни случаи на Ковид-19 во земјава

По денешните 177 нови регистрирани случаи на коронавирусот во последните 24 часа, бројот на активни случаи во земјата достигна 4.015.

Од нив, 1.792 се во главниот град, каде три општини имаат по повеќе од 315 активни случаи. Состојбата во Скопје изгледа вака (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена):

• Чаир – 92
• Гази Баба – 171
• Аеродром – 327
• Карпош – 319
• Центар – 330
• Кисела Вода – 210
• Ѓорче Петров – 155
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 15
• Студеничани – 3
• Сарај – 15
• Арачиново – 4
• Илинден – 30
• Сопиште – 10
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 7
• Зелениково – 3
• Странец – 14
• Нераспределен-15

По градови, дистрибуцијата на активни случаи изгледа вака:

• Скопје 8571, активни 1792
• Куманово 1885, активни 176
• Дебар 294, активни 36
• Штип 1368, активни 123
• Прилеп 814, активни 170
• Тетово 1604, активни 222
• Струга 720, активни 61
• Велес 381, активни 59
• Битола 389, активни 104
• Охрид 463, активни 47
• Кавадарци 279, активни 59
• Гостивар 984, активни 80
• Гевгелија 202, активни 95 (12 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 30 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 437, активни 267
• Крива Паланка 154, активни 49
• Радовиш 141, активни 58
• Крушево 20, активни 0
• Кочани 504, активни 218
• Пробиштип 129, активни 21
• Демир Хисар 62, активни 2
• Македонски Брод 96, активни 3
• Пехчево 48, активни 5
• Берово 153, активни 56
• Валандово 65, активни 43
• Виница 136, активни 46
• Делчево 191, активни 99 (36 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 27, активни 3
• Свети Николе 401, активни 59
• Кичево 357, активни 34
• Ресен 170, активни 9
• Неготино 68, активни 19 (13 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Денеска во болниците имало вкупно 419 пациенти (рекордот е 428, во јули) позитивни или сомнителни на Ковид-19. Во последните 24 часа, на Инфективната клиника се примени тројца, а вкупно се хоспитализирани 93 пациенти, од кои 53 на кислородна поддршка. Нема пациенти на механичка вентилација (респиратор).

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5, а вкупно хоспитализирани се 45 пациент. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 29, а во болницата во Штип се 48 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 191, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

- Реклама -