Шестмина починати и 225 новозаразени – втор највисок дневен пораст од почетокот на пандемијата

Во последните 24 часа се направени 1694 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на Ковид-19 во земјата, информира Министерството за здравство.

Ова е втор највисок дневен пораст од почетокот на пандемијата наваму, зад рекордниот 18 јули – кога беа регистрирани 241 позитивни случаи за 24 часа. 200 или повеќе дијагностицирани за едно деноноќие имавме само уште на 10 јули (205 новозаразени) и 8 август (200 новозаразени).

Најновите 225 случаи, по градови, се регистрирани во:

-Скопје 96
-Куманово 8
-Штип 7
-Прилеп 8
-Тетово 15
-Струга 3
-Велес 5
-Битола 8
-Охрид 2
-Кавадарци 6
-Гостивар 2
-Гевгелија 1
-Струмица 11
-Крива Паланка 7
-Радовиш 1
-Кочани 17
-Пехчево 1
-Берово 10
-Валандово 3
-Виница 1
-Делчево 2
-Кратово 1
-Свети Николе 6
-Кичево 4

Починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (63, 71 и 83г), по еден од Прилеп (78г), Тетово (63г) и Битола (59г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 96 оздравени пациенти од:

-Скопје 33
-Куманово 10
-Штип 2
-Прилеп 5
-Тетово 13
-Велес 2
-Битола 3
-Кавадарци 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 6
-Пробиштип 3
-Македонски Брод 1
-Берово 1
-Виница 1
-Свети Николе 3
-Кичево 2
-Ресен 4

Досега во земјата се направени вкупно 191.821 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18363, бројката на оздравени пациенти е 15164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2450.

Според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.195, активни 834
• Куманово 1.785, активни 182
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.269, активни 56
• Прилеп 697, активни 126
• Тетово 1.470, активни 150
• Струга 676, активни 45
• Велес 335, активни 36
• Битола 322, активни 71
• Охрид 432, активни 35
• Кавадарци 247, активни 47
• Гостивар 938, активни 83
• Гевгелија 130, активни 42 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 272, активни 167
• Крива Паланка 120, активни 34
• Радовиш 90, активни 26
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 392, активни 172
• Пробиштип 116, активни 20
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 7
• Пехчево 45, активни 4
• Берово 114, активни 39
• Валандово 39, активни 26
• Виница 117, активни 28
• Делчево 165, активни 82 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 26, активни 2
• Свети Николе 359, активни 46
• Кичево 332, активни 36
• Ресен 164, активни 11
• Неготино 55, активни 8 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 59
• Гази Баба – 100
• Аеродром – 141
• Карпош – 111
• Центар – 127
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 59
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 18
• Студеничани – 8
• Сарај – 14
• Арачиново – 6
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 3
• Странец – 12
• Нераспределен – 5

- Реклама -