Атиџе од „Медена земја“ бара помош, иcплашена е за својот живот

„Многу сум уплашена и вака веќе не можам да живеам“, се пожалила Атиџе Муратова, ѕвездата на „Медена земја“, во телефонски разговор со порталот „ММС“. Според Атиџе, во последно време ескалирале проблемите што со години ги има со соседот, а кои беа тема и во документарецот, но овојпат е исплашена за својот живот.

„Јас сум во Бекирлија, заедно со брат ми, кој е болен, и само соседот е тука. Нема никој друг. Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејки ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно веќе да се комуницира со него. Сите викаат не е нормален, ама не може тоа така. Ми го бутна ѕидот кај што ја чувам кравата, за да ми избега. Па ако избега кравата јас со кои пари после пак ке купам крава. Му реков, зошто го правиш ова. А тој кога скокна накај мене да ми се дepе, јас се уплашив многу. Еден ден ќе ме yбиe и никому ништо. Се јавив во полиција во Свети Николе и тие ми викаат дојди тука. Абе како да дојдам, тие ме прашуваат ли мене дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И уште знаеш што ми рече полицајката: Вие сте Турци, како брат и сестра, ќе се смирите. Ако така ми вика, како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам да ми се помогне, бидејќи не се живее веќе вака. Луѓе ми викаат остави го, не е со сите. Епа ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден сѐ полош и полош“, раскажува Атиџе низ солзи. Продолжението на разговорот прочитајте го ТУКА.

- Реклама -