Мицкоски: Токму зашто Иванов му го даде мандатот на Груевски, Пендаровски не требаше да му го даде на Заев

Постапката на Пендаровски со доделувањето на мандатот за формирање влада на лидерот Зоран Заев е идентична со онаа во 2016 година на тогашниот претседател Ѓорге Иванов со доделувањето на мандатот на Никола Груевски, но токму тоа претставува дополнителна причина и потврда дека мандатот не треба да му се даде на пратеник кој нема утврдено мнозинство, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, прашан да коментира дали во таа ситуација Иванов и Груевски биле режим и дали, аналогно на тоа, денеска режим се и Пендаровски и Заев.

„Токму тој неуспешен обид на мандатарот тогашен, господинот Груевски, треба да е мотив повеќе за Стево Пендаровски, без да добие доказ од страна на лицето кое што пледира да е мандатар, да не го доделува. Јас не го влечев за јазик господинот Пендаровски кога велеше дека сите ќе нѐ собере и ќе го истражи потенцијалот на политичарите, дали имаат мнозинство или немаат. Тој самиот тоа го кажа. Јас не го терав со сила господинот Пендаровски да каже дека очекува доказ за формирано парламентарно мнозинство, па после тоа ќе го даде мандатот. Самиот тој тоа го бараше. Очекувам да си остане на зборот“, рече Мицкоски на прес-конфенрецијата пред да се упати кон резиденцијата на претседателот за да бара одговор зошто му го доделил мандатот на Зоран Заев.

- Реклама -