Николоски: „Го гледам Заев исплашен, пласира лажни вести. Јас едно зборувам, тие друго спинуваат!“

„Го гледам Заев, свесен дека ќе губи пласира лажни вести преку порталите што му се блиски. Јас едно зборувам, тие друго спинуваат. Очај!“, порача потпретседателот и носител на листа во Изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, денеска на Фејсбук.

„Им се смеат луѓето“, додава тој. „Белото не може да е црно. Ама и жално е на што паднаа.

Голем пораз те чека, Заев, и во Четворката и во цела Македонија! А потоа одговорност“, му порача Николоски на својот политички опонент, вклучително и во ИЕ4.

„Знам дека стравот е голем и затоа очајот е голем. И да те повикам уште еднаш – дали си во состојба да го докажеш потеклото на сопствениот капитал и капиталот на твоето семејство?“, напиша Николоски.

Неговиот пост следува откако денеска и вчера беа објавени прислушкувани разговори во кои тој и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески се главни актери.

 

- Реклама -