Македонци вратени откако се обиделе во Грција да влезат преку Бугарија

Десет до петнаесет автомобили биле вратени на грчко-бугарскиот граничен премин Промахонас/Кулата, откако македонски и државјани на БиХ се обиделе преку Бугарија да влезат во Грција, објавија грчки медиуми.

За македонските државјани, забраната за влез во Грција важи (најмалку) до 15 јули. Конкретниот граничен премин е отворен, но само за државјани на ЕУ и земјите од кратката „безбедна листа“ на која официјално се најдоа само 15 земји вон ЕУ.

Неофицијално, односно на терен, состојбата е поинаква и дел од ЕУ земјите, согласно задржаното право сами да одлучуваат, следат некаква своја „листа“. Така на пример, Австрија забрани влез за сите земји од Западен Балкан, заедно со Србија и Црна Гора, иако се најдоа меѓу „безбедните“. Хрватска, пак, дозволи влез за државјаните на БиХ.

Поради ваквите неизвесности, граганите се оставени сами да се информираат преку амбасадите дали ќе можат да влезат во земјата каде имаат намера да патуваат.

 

 

- Реклама -