Рекордни 425 хоспитализирани од коронавирус во земјава, 32 повеќе од вчера

Според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје, по денес регистрираните 163 новозаразени во последните 24 часа, со кои бројот на активни случаи во моментов достигна 3.284, до утрово во болниците и инфективните одделенија низ земјава биле хоспитализирани вкупно 425 пациенти. Тоа е најголема бројка на заболени од Ковид-19 на болничко лекување, од почетокот на епидемијата во земјава наваму. Претходно најмногу хоспитализирани имаше вчера – 393, односно 32 пациенти помалку од денес.

Како што информира ИЈЗ, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 5 деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Во модуларната (или монтажна, ако сакате) болница во рамките на Инфективната клиника во Скопје, во моментов нема хоспитализирани пациенти, потврди денеска и министерот Филипче. Како што објасни на претходните прес-конференции, приоритет ѝ се дава на пренаменетата детска болница во Козле, со цел пациентите во Скопје да бидат поделени во три центри, односно да се распредели товарот на работата на повеќе тимови медицински работници (доколку би биле хоспитализирани во модуларната болница, за нив ќе треба да се грижи персоналот на Инфективна).

Согласно денес објавените податоци, табелата што ја објавивме вчера за порастот на хоспитализирани пациенти во изминатиов период, изгледа вака:

- Реклама -