Услови за македонските државјани при влез и излез од земјата

Македонските државјани кои сакаат да излезат од државата тоа можат да го направат, но под услов на самиот граничен премин да потпишат соодветна изјава која ја издава МВР, а со која се обврзуваат дека нема да бараат помош од државата во случај на проблем во странство.

Влез во земјата, од друга страна, е можен за секој граѓанин кој ќе приложи валиден негативен PCR тест за коронавирус, не постар од 72 часа, и притоа ќе потпише изјава, исто така на самиот граничен премин, со која граѓанинот се обврзува на задолжителна самоизолација од 14 дена.

Граѓаните што при влез во државата немаат валиден или воопшто нема да приложат PCR тест, одат во задолжителен државен карантин во времетраење од 14 дена, пренесува МИА.

 

- Реклама -