Од денеска казни и за четворица на маса во рестораните и кафулињата, решен проблемот со легитимација на гостите

Почнувајќи од денеска, Пазарниот инспекторат интензивно ќе контролира и ќе ги казнува угостителите кои го прекршуваат делот од протоколот со кој се забранува четири лица да седат на маса за четворица ако не се од исто семејство, информираше директорот Стојко Пауновски на денешната прес-конференција.

Комисијата за заразни болести останува на ставот дека и овој дел од протоколот мора да се спроведува, и покрај тоа што и Пауновски првично најави, а и Пазарниот инспекторат заедно со угостителите, побарале негова промена, поради неприменливост.

Проблемот, меѓутоа, сега е решен – соопшти Пауновски, информирајќи дека по консултација и со јавен обвинител, од денеска Пазарната инспекција контролите ќе ги врши заедно со Финансиската полиција, која има ингеренции да ги легитимира гостите и да помогне во откривањето на непочитување на протоколите.

Пауновски додаде и дека досега ниту еден угостителски објект не е казнет за прекршување на ова конкретно ограничување. Најголем дел од казните за прекршување на Протоколот за работа на угостителските објекти во изминатиот период, соопшти, се за служење гости во затворен дел на објектот, недоволно обезбедени средства за дезинфекција и работење вон дозволеното време, како и објекти кои работеле на „диво“ – односно во време на забраната се одјавиле, а по забраната продолжиле да работат без да се пријават.

Повеќе информации од прес-конференцијата, ТУКА.

 

- Реклама -