Арифи: Нема потреба од полициски час во Тетово, ТВ репортажите од Инфективна ќе имаат повеќе ефект

„После два и пол месеци нема никаква потреба повторно да се враќаме на полициски час. Оваа мерка нема да даде никакви резултати“, изјави градоначалничката на Тетово – Теута Арифи, по денешниот редовен состанок на Кризниот штаб на Општина Тетово, пренесува „САКАМДАКАЖАМ.мк“.

Арифи смета дека неколкуте видео прилози од Инфективната клиника што беа емитувани деновиве на телевизиите „многу поверодостојно ќе ги убедат“ граѓаните кои се скептици за постоењето на вирусот, отколку со повторно враќање на рестрикциите.

„На овој начин, со вакви ТВ емисии, може поефикасно да се подигне нивната свест кај населението тоа да се придржува до препорачаните мерки, отколку што тоа ќе го направи полицискиот час. Како полициски час сметам дека нема да даде никави резултати“, рече Арифи.

- Реклама -