Со жижици и песни на Синан Сакич Балканци во Виена се журкале до раните утрински часови, кршејќи ги сите мерки (ВИДЕО)

Со олабавувањето на мерките против коронавирусот отворија и баровите во Виена, а дел од жителите на австриската престолнина – оние со балканско потeкло, тоа го прославија на најбалканскиот можен начин – со кршење на сите можни мерки и препораки, вклучително и „полицискиот час“ кој важи за баровите.

„Балканската улица е жива!“ – под ова мото, стотици жители на Виена со нивните пријатели се собрале на Ottakringer Strasse за да прослават со „неколку“ пиjaчки, иако и покрај олабавувањето на мерките, сѐ уште се во сила строги рестриктивни правила за баровите. На пример, во оние каде што се служи храна, на една маса смеат да седат само четворица, а меѓу масите мора да има загарантирана безбедна дистанца. Притоа, баровите смеат да работат само до 23 часот.

На прочуената Балканска улица, меѓутоа, ништо од ова не било почитувано, објавија австриските медиуми, откако на друштвените мрежи се појави видео од прославата во еден од баровите. Со жижици, конфети и звучници од кои ечи песна на Синан Сакич „која сите од балканската заедница ја знаат“, се славело до доцните вечерни или поверојатно раните утрински часови, пишува виенскиот „Денес“ (Heute), повикувајќи се на cвeдоци кои велат дека не била почитувана забраната за работа после 23 часот. Според нивните информации, и други барови дозволуваат редовните гости да останат и подоцна од дозволеното.

Имплементацијата на новите мерки е пред сѐ одговорност на конкретните економски локални оператори. Полицијата редовно патролира и ги проверува популарните локали и секогаш реагира на повиците кога има пријавено гласна музика или забава, но пристапот е прво едукативен – преку укажување на прекршителите на мерките на нивната лична одговорност, а не веднаш со пишување казни. ВИДЕОТО ТУКА.

- Реклама -