Белгиската министерка за здравство чепкаше нос и правеше топчиња во емисија во живо (ВИДЕО)

Добар дел од постарата генерација сѐ уште не се снаоѓа баш најдобро со најновите технологии за комуникација, а најдобар доказ е белгиската министерка за здравство, која, поради пандемијата на коронавирусот принудена да ја користи видео-комуникациската апликација Zoom, пред целата јавност ги покажа своите неxигиенски лоши навики.

Во време кога здравствените работници постојано упатуваат апели до граѓаните за строго придржување до мерките и внимателно одржување на хигиена, меѓу кои и да не се допира лицето, белгиската министерка Меги Де Блок, веројатно несвесна дека публиката ја гледа и кога не зборува, сосема опуштено „ископа руда“, ја оформи во топче и ја фрли во непознат правец.

- Реклама -