Природен феномен: „Кpвав“ снег на Антарктикот! (ФОТКИ)

„Веќе неколку недела, нашата станица на Антарктикот -‘Академик Вернадски’, е опкружена со… снег од малини!“, соопштија од украинското Министерство за образование и наука.

Од каде доаѓа и зошто е вака обоен снегот?

Од украинската станица објаснуваат дека се работи за микроскопска снежна алга која му ја дава интересната боја на снегот. Украинските научници ја идентификувале под микроскоп – се работи за алгата Chlamydomonas nivalis.

Нејзините спори се отпорни на екcтpeмни температури и остануваат во снегот преку долгата зима. Кога временските услови се погодни, а во моментов на Антарктикот е лето, објаснуваат од „Академик Вернадски“, спорите почнуваат да се развиваат.

Спорите на Chlamydomonas nivalis, објаснуваат украинските научници, освен зелениот пигмент – хлорофил, имаат и црвен каротенски слој, кој резултира со црвени дамки во снегот, како да се од џем од малини. Освен тоа, овој слој ги штити алгите од ултравиолетова радијација.

Од друга страна, цветањето на овие алги допринесува во климатските промени, велат од украинската станица. Поради црвената „кpвава“ боја, снегот рефлектира помалку сончева светлина и со тоа апсорбира повеќе топлина и побрзо се топи. Како резултат, произведува сѐ повеќе и повеќе алги.

При настапување на зимата, хламидомонадите се подготвуваат за зимскиот сон и „цветањето“ на снегот престанува.

Феноменот, освен на Антарктика, се случува и на Арктикот, како и на Алпите и во други високи планински екосистеми, додаваат од „Академик Вернадски“.

- Реклама -