Заев: Разговарав со пратеничките групи за законот за ЈО, прилично сме блиску

На денешната посета на Арачиново лидерот на СДСМ Зоран Заев истакна дека тој  сѐ уште е оптимист дека Законот за Јавно обвинителство може да се донесе пред распуштањето на Собранието.

-„Разговарав со пратеничките групи. Прилично сме блиску, останува целото решение да го добијат како е вградено, да видат и да кажат дали ќе се согласат. Апелирам до сите, од ВМРО-ДПМНЕ дигнав раце, но апелирам и до нив, имаме квалитетно законско решение, внатре има фер и еднаков третман за сите. Ако тоа го направиме денес или утре, верувам премиерот Спасовски е подготвен, на барање на министерката за правда Рената Дескоска, да го стави на Влада, да го усвојат и понеделник рано од сабајле Парламентот да ги искористи трите дена како што е предвидено за законите со европско знаменце“, рече Заев.

Повеќе на Локално

- Реклама -