Партиска битка во Сенатот на судењето за импичмент на Трамп

Во американскиот Сенат почна судењето во процесот за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп, што е трет случај во американската историја. Историското судење за импичмент на републиканскиот претседател Доналд Трамп почна во Сенатот со кавги меѓу Републиканците и Демократите околу процедурата на целиот процес. Претходно нагло беа сменети предложените правила за судењето за импичмент.

Америкнаскиот Сенат отфрли повеќе барања на демократите во врска со импичментот на Трамп. Во сенатот каде мнозинство имаат републиканците, ги отфрли барањата на демократите да ја обврзат Белата куќа да ги достави документите во врска со воената помош за Украина.Сите барања беа одбиени со 53 наспроти 47 гласови.

Адам Шиф, лидерот на тимот за импичмент на Претставничкиот дом, кој го гони Трамп, се спротивстави на тоа, наведувајќи дека процесот „нема смисла“ и оти бил дизајниран да обезбеди да не бидат слушнати никакви докази против Трамп.

„Фактите ќе излезат на крајот. Документите, што ги крие претседателот, ќе бидат објавени преку Законот за слобода на информации или преку други средства со текот на времето. Сведоците ќе ги раскажат своите приказни во книги и филмови. Вистината ќе излезе Прашањето е: Дали ќе излезе на време? “.

Повеќе на Радио Слободна Европа

- Реклама -