Во Русија верниците се нурнаа во осветените води и на поларни температури (ВИДЕО)

Православните христијани, во Русија по повод празникот Водици, традиционално влегуваа во осветените води, во реките и во езерата ширум земјата, дури и на места, каде што температурата е минус 30 степени.

И покрај студот и снегот во Сибир глетката е навистина величествена. Празникот се одбележува со капење во студената вода, откако ден претходно таа се осветува за да се исчистат гревовите на верниците.

Русите дури три пати нурнуваат во студената вода, за да, според верувањето, се исчистат од гревовите и си ја вратат силата на духот.Медицински тимови се на местата каде што верниците се капат, и предупредуваат дека влегувањето во ледена вода не е штетно само за целосно здравите луѓе.

Извор Канал 5

- Реклама -