Светската награда за хуманизам за 2020 врачена на академик Георги Старделов

Вечерва во Охрид врачена годинешната 14-та по ред Светска награда за хуманизам, за прв пат на македонски лауреат, академик проф. Георги Старделов. На пригодната свеченост во Куќата на Уранија пред присутните за годинешниот добитник беседа одржа претседателот на Комисијата за доделување на наградата, амбасадор Јордан Плевнеш. То истакна дека преку Светската награда на хуманизмот секој 18 јануари наспроти Богојавление се пренесува идејата за првата Школа на хуманизмот во Средновековна Европа, создадена од Свети Климент и Свети Наум учениците на светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитници на Европа 11 века после нивната смрт. Пренесува МИА.

– „Академик Старделов станува првиот добитник на Светската награда за хуманизам од Македонија, како автор кој припаѓа на врвот на светската цивилизација, оттаму што кога тој ќе ја изговори парадигмата „Велт шмерц“ и македонскиот станува дел од светскиот бол. Кога Вие ќе изговорите светска филозофија, Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка, кога ќе речете светска историја го одредувате местото на Македонија…Вашата трајна база се светите Климент и Наум, Света Софија, климентовиот и наумовиот манастир, Курбиново, Бгомилите, народното творештво со сите негов форми и се она што го создал македонскиот творечки дух,“ рече меѓу другото амбасадорот Плевнеш.

На академик Страделов кој наградата му ја врачи градоначалникот на Охрид Консантин Георгиески кој за делата на академикот рече дека тој со своите величенствени троречки достигнувања успеал да ја извиши оваа земја Македонија до највисоките културни меридијани.

Повеќе на Канал 5.

- Реклама -