Заев: Наш главен мотив и натаму е членство во ЕУ и немаме алтернатива

Партиска делегација на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, заедно со генералниот секретар Љупчо Николовски, секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ и Калинка Габер од Комисијата за европски прашања на СДСМ, вчера остварија средба со делегација на Европската комисија предводена од еврокомесорот за европска, соседска и преговори за проширување Оливер Вархеји.

На средбата Заев нагласи дека Европската комисија отсекогаш била искрен и силен сојузник на Република Северна Македонија во прецот на евроинтеграциите и изрази уверување дека тоа ќе продолжи и со новиот состав на Комисијата.

– „Правиме се што е во наша моќ да ги реализираме сите потребни реформи. Активно се спроведува Договорот од Преспа како и Договорот за добрососедство со Бугарија. Во измените на Изборниот законик се вградени и сите препораки од ОДИХР. Нашата цел е да испратиме порака дека имаме демократски капацитет и тој го ставаме во функција на граѓаните„ истакна Заев.

За новата методологија за проширување на ЕУ Заев се надева дека ќе има фер пристап и ќе се заснова на мерит систем.

-“Верувам дека новата методологија за проширување на ЕУ ќе има фер пристап и ќе се заснова на мерит систем. Наш главен мотив и натаму е членство во ЕУ и немаме алтернатива. Сѐ што зависи од нас ќе биде реализирано како и досега. Се што зависи од нас ќе биде сторено како што беше и досега. Отпочнување на преговори со Северна Македонија ќе значи и позитивен сигнал за целиот наш регион,“посочи Заев.

Повеќе на Канал 5

- Реклама -