ВО ЛУЈ ВИТОН ТАШНАТА СО МИЛИОН ЕВРА БИЛ ПОСТАВЕН И УРЕД ЗА СЛЕДЕЊЕ …

Во фамозната Луј Витон ташна покрај милионот евра имало и уред за следење. Некој знае и каде завршиле парите од бизнисменот Орце Камчев, но се уште не се открива овој клучен момент.

Во еден од најновите разговори кои повторно протекоа на Јутјуб, глас кој наликува токму на Камчев открива детали поврзани со случајот „Рекет“.

Разговор број 12- Добро Боки вистина ги однесе парите таму ?
ЈК- Тоа не смеам да кажам, дел од истрага е, има џи пи ес све има, у раче, у металното

-Му ги дал така?
ЈК- На кого?
На него?
ЈК- Не знам, куферот не е кај Заев!

Обвинителството не може да го спречи протекувањето на новите снимки. Веќе е отворен случај, се бараат објавувачите на „Feed the democracy“ или Нахранете ја демократијата.

„Во моментов се испитуваат сите околности за идентификација на лицето што ги објавува снимките. Со постапката треба да се утврди дали во содржината на разговорите и нивното објавување има елементи на кривично дело кој снимал како и идентитетот на лицата што зборуваат.“ – велат од Обвинителство.

Од разговорите се открива и дека Камчев се двоумел дали да го пријави случајот кај обвинителката Вилма Русковска. Камчев на непознато лице му чита порака од прмеиерот.

Разговор број 15 – Пишувам те молам Зоки јави се. Не можам друже у гужва сум. Не треба да дадеме кај вилма ништо, у две деца ти се колнам, мислм дека ова не треба да го дадеме таму. Му пишувам- Ми враќа- друже мој Македонија мора да стане европска држава, правна држава. Да идеш утре да си пријавиш оти и ти ќе одговараш.

Се споменува и дека информациите од Бугарија биле пуштени кај новинарот Бранко Геровски кој со месеци наназад ја најавуваше аферата користејки псевдоними. Тој на фејсбук напиша дека не поседувал прислушувани разговори, туку само информации со кои ја критикува и оваа но и секоја друга власт. Се зборува и за тарифа од 100 000 евра за истражител како трампа за усб со податоци кои протекуваат од обвинителството.

Разговор 10 – пази таму којзнае кој работи за ВМРО, утре новата Вилма треба да биде од тие може ги лапнала ги дала на Мицко. Сите на одмор се може кој сака да влезе во компјутер

Аудио снимките се издвоени од разговори и траат неколку секунди. Нејасно е дали се снимени телефонски или можеби некој го снимал главниот сведок и бизнисмен во Рекет, Орце Камчев. Тој во еден дел се фали како снимката од „Ла Верита“ во која торбата Луј Витон ја полнат со пари, рушела рекорди со прегледи, дури и повеќе од бомбите кои опозицијата ги објавуваше во 2015-та година.

Содржината на овие разговори упатува на заклучокот дека овие разговори се снимани по јули годинава, по отворањето на случајот „Рекет“.

- Реклама -