Шеќеринска за анкетата која покажува голема предност на ВМРО

Имам дилеми, посочи Шекеринска, околу агенции кои и сега и според отворени финансии се потврдува колку профитирале од претходната влада.

– Мислам дека тие дилеми се оправдани, како што се сеќавам во еден период каде што ВМРО-ДПМНЕ на сите такви анкети водеше 3:1 и па изборите никогаш не ги потврдуваа. Сметам дека во неделата кога го забележуваме историскиот успех на кој не се израдува само раководството на ВМРО-ДПМНЕ, мене ми е јасно дека потребно им е нешто што ќе го покрие успехот, а малку и ќе го покрие срамот кои го видовме со свои очи, а тоа е како првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ едно зборува година дена, а друго збори пред Борисов и пред ЕПП. Ако е за тоа може и затоа 480.000 евра, државни пари, изгледа биле оправдана инвестиција, додаде Шекеринска.

Според резултатите од анкетата на ИПИС спроведена во периодот меѓу 2 и 6 декември на 1.121 испитаници, рејтингот на СДСМ е 17,5 проценти, додекаа партијата во јуни имала рејтинг од 19,5 отсто, а во септември 18,1 отсто.

Резултатите од анкетата покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 21,4 отсто, додека таа во јуни била 21,2, а во септември изнесувала 21,1. Поддршката, пак, за ДУИ овој месец е 4,9 отсто, во јуни била 4,6 отсто,а во септември 4,5 отсто.

- Реклама -