Пендаровски: Нема некоја голема разлика дали ќе има предвремени или редовни избори

Претседателот Стево Пендаровски во своето интервју за Детектор вели дека не може да биде убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од него.

-„Не можам да бидам убеден дека на 12 април ќе има избори бидејќи тоа не зависи од мене“-изјави Пендаровски.

-„Собранието се распушта со 61 пратеник, кој ќе обезбеди и кога ќе обезбеди, кога ќе сака ќе направи распуштање на парламентот“ – истакнува Пендаровски.

Според него, нема некоја голема разлика дали ќе се оддржат предвремени или редовни парламентарни избори.

– „Јас го коментирав тоа и порано. Не е до мене, меѓутоа и така влегуваме скоро во изборна година, може да имаат партиски калкулации двете страни кои јас не ги гледам но не можам да видам што битно ќе се промени од април до есен или до декември кога е крајниот рок“- вели Пендаровски.

Повеќе на СИТЕЛ.

- Реклама -