Заев за „МојДДВ“: Секоја илјадарка плус е добредојдена

„Секој ден плус е важен, секоја илјадарка плус е добредојдена! УЈП започна со исплата на 186 милиони денари на граѓаните кои скенираа сметки преку проектот МојДДВ. До крајот на следната недела целосно ќе биде завршен повратот од оваа фаза“, пишува премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Граѓаните не само што станаа даночни инспектори и помагаат во сузбивање на сивата економија, туку гледаат и директен бенефит по нивниот џеб.

Парите ќе легнат на личните сметки за прв пат оваа недела, но ќе продолжат во редовни интервали и во следната година.

Ова е уште еден од начините како државата преку оваа Влада враќа парите назад кај граѓаните!“, додава премиерот.

- Реклама -