Арифи: Со давањето аболиции без да има правен основ, Иванов стори кривично дело кое не застарува

Универзитетката професорка Беса Арифи на трибината „Правда наместо амнестија“, во организација на СДСМ порача дека со Одлуката на Законодавно-правната комисија веќе се утврдува дека кога Ѓорге Иванов ги носел одлуките за помилување, немал правен основ да го прави тоа, ако кога некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело на злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело кое не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов.

Таа исто така истакна дека предметите отворени од Специјалното јавно обвинителстви мора да продолжат и да се забрзаат затоа што тоа е важно за правдата.

– „СЈО не е еден човек кој сега можеби е обвинет во кривична постапка и тоа нема да ги избрише или укине делата за кои СЈО покрена обвиненија. Добро е што предметите преминаа во редовните обвинителства и што се работат од обвинители од СЈО. Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси да добијат правна разрешница. Бидејќи задоцнета правда е нереализирана правда, гледаме сите дека има случи кои застаруваат, обвинети и осудени кои бегаат од државата,“ порача Арифи.

Повеќе на А1он.

- Реклама -