Во Скопје ќе се одржи Светско првенство во фудбал!

Верувале или не, од 30 мај до 7 јуни 2020-та главниот град на Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство во фудбал. Но со една важна разлика.

Се работи за светско првенство под капата на фудбалската организација КОНИФА, наменето за држави, мaлцинcтва, народи без држави и региони кои не се признаени од ФИФА,  УЕФА и ООН.

Светското првенство на КОНИФА се одржува на секои две години, а ова во Скопје ќе биде четврто издание, откако во август годинава правата за домаќин ѝ беа одземени на Сомалиленд (самопрогласена држава, автономен регион во Сомалија).

На ова натпреварување учествуваат репрезентации како: Курдистан, Тибет, Квебек, Јужна Осетија, селекцијата на Poмите… На претходното светско првенство во 2018-та година, на пример, шампиони беа Транскарпатија, а зад нив се најдоа Северен Кипар и Паданија.

За Светското во 2020-та во Скопје се квалификуваа Сомалиленд, Западна Сахара, Мапуче, Транскарпатија, Јужна Осетија, Дарфур, Матабелеланд, Кабилија и Каскадија.

Македонската репрезентација, се разбира, нема да настапи на ова првенство, бидејќи ФФМ е дел од ФИФА и УЕФА.

виа Спортски.мк

 

- Реклама -