Од денес стартува покачената минимална плата

Минималната плата е загарантирана како 14.500 денари и таа стартува од денеска. Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување од минимум 600 до максиум 6.000 денари и државата го покрива придонесот за покачувањето. Ако покачат 2.000 денари во ноември со исплата во декември, тогаш тие ја покачиле минималната плата и ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата. Мерките, велат од Владата, се комплементарни една на друга, но тоа, посочуваат, не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата користејќи субвенција. Досега 90 илјади граѓани примаа минимална плата од 12.500 денари. Пренесува МИА.

Во државава од овој месец секој вработен нема да добива плата помала од 14.500 денари. Висината на минималната плата по неколкумесечно преговарање беше усогласена преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и со синдикатите и работодавачите. Од Владата очекуваат со ова да се зголеми стандардот на работниците, но и да се поттикне натамошно зголемување на платите, кои претходно биле исти или повисоки од сегашната минимална плата. Работодавачите, иако дел сметаат дека ќе им претставува дополнителен товар, се свесни дека пораст на платите мора да има со цел да се задржат работниците.

Се очекува работодавачите да ги искористат и владините мерки за субвенционирање на придонесите за покачување на платите од 600 до 6.000 денари. Со мерката за субвенционирање на придонесите поради покачување на платите се очекува од 20 до 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат поголеми плати. За оваа мерка во Буџетот за наредната година се планирани 2 милијарди и 400 милиони денари.

За Владата со оваа мерка се заштитуваат најзагрозените категории на вработени.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -