Адвокатот Стојановски: Нема политички мотиви за да спасам поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Иницијативата до Уставниот суд за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година адвокатот Зоран Стојановски ја поднел пред три години. Политички мотиви немал, а единствена цел за иницијативата со која Уставниот суд би можел да ги воскресне аболициите на екс-шефот на државата Иванов, била заштита на уставноста.

Стојановски во телефонски разговор за ТВ24 дека не ги спасувал поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети и осомничени од СЈО.

– „Целта како и на секоја друга иницијатива пред Уставен суд е зачувување на уставноста и законитоста, нема друга цел. Политичките анализи се предмет на работа на политички партии, ова е само уставно-судска работа. Нема допирна точка со политика од аспект на тоа како што сака да се прикаже,“ вели Стојановски.

Иницијативата ја поднел пред три години, но зошто сега се става на ред не сака да коментира.

– „Моето мислење во врска со иницијатвата за Законот за помилување и за Законот за одликувања и признанија е дека задолжително треба да биде усвоена и да бидат поништени и едниот и другиот закон. Тоа е моето очекување“, вели Стојановски.

Повеќе на ТВ24.

- Реклама -