Заев: Не знам зошто се прави драма околу надоместоците на СЈО, кога пратениците земаат по 100 илјади денари

Премиерот Зоран Заев одговарјќи на пратеничкото прашање на Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој праша зошто на СЈО му се дозволувало расфрлање со народни пари за надоместоци од илјадници евра месечно. Тој одговори:

„Не знам зошто се прави толкава драма за неколку илјади евра за СЈО, кое е формирано со консензус во ова Собрание. Се знае дека премиерот зема 84 илјади денари плата, а пратениците и до 100 илјади со патни трошоци. СЈО ги распределувало средствата од рамки на буџетот кој им бил доделен и не треба да се дозволи со толкава леснотија да се гази институцијата. Судството и обвинителството се се уште заробени од „сваровски судството“ и само 3 отсто судии и обвинители од вкупниот број се нови. Ќе речете дека изборни малверзации на избори немало? Дека „Космос“ не беше урнат? Дека немаше 5 посто провизија за автопатите? Сите ги слушнавме овие разговори, но законски треба да се утврди дали има докази и да се понесе одговорност. Не може така, кој си направил дело, ќе си одговара“, рече премиерот Заев.

Повеќе на А1он.

- Реклама -