Спасовски: Од државата најмногу заминуваат реализирани луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на трибината на Демократскиот сојуз насловена „Македонија на крстопат“ изјави дека клучната борба е како да го консолидираме овој наш систем, реформите, пред се неселективната борба против криминалот и корупцијата. Северна Македонија треба да го гради системот под надзор на ЕУ, потребно е да ги зајакнеме институциите за граѓаните да имаат верба во нив, за тие да функционираат.

Според него, за она што ни се случува со младите денес, клучна причина не е економската ситуација.

– “Од државата најмногу заминуват реализирани луѓе, луѓе кои можат да имаат перспектива и тука и надвор. Тие препознаават дека системот не ги препознава интересите на граѓаните. Наша битка е да се избориме против криминалот и корупцијата. Сите наши активности мора да бидат насочени кон оваа цел во иднина, што ќе има силен импакт во смисла на интеграциите на државата и кон силна консолидација на системот“, рече Спасовски.

Тој посочи дека членството во НАТО е се поизвесно и оти тоа ќе ги отвори перспективите за натамошниот развој на државата.

Повеќе ТУКА.

- Реклама -