Царовска: Навистина сум разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено за деца

Откако жителите на Визбегово излегоа на протест поради проблем со децата кои почнаа да живеат во групниот дом во скопско Визбегово и тие мораа да бидат дислоцираат бидејќи правеле проблем во местото, шетале и правеле проблеми во дворовите на куќите.

За овој случај се огласи и министерката Царовска на Фејсбук:

„Во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово, навистина сум разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца. Истовремено сум силно мотивирана да го завршиме процесот на деинституционализација, бидејќи наша заложба е да се грижиме за секое едно дете.
👉Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Должност е на државата, но и на целото општество, на секој од нас да направиме сѐ за да ги поддржиме да се развијат во идни активни, продуктивни и среќни млади луѓе.
➡️ Се надевам дека разумот ќе преовлада и ќе се обединеме во заедничката цел – да обезбедиме топол дом и подобри услови за раст и развој за секое дете.“

- Реклама -