Заев: Политичките лидери треба да ги обезбедат сите услови младите да го прифатат и да го предводат бранот на промени

Премиерот Зоран Заев исто така зеде учество на завршната пленарна сесија „Западен Балкан во 2030 – Визии. Желби. Реалности.“ во рамки на Четвртиот Форум за младинско лидерство што се одржа во Нови Сад.

Тој изјави дека трансформацијата која започна да го менува регионот и која создава услови треба да се аплицираат и применат европските стандарди во секојдневието и во комуникацијата меѓу народите во регионот, и дека нема поубава порака за нашата иднина за десетина години од сега отколку кога младите луѓе се собрани на едно место да испратат порака дека се охрабрени и мотивирани и дека сакаат  активно да учествуваат во креирањето, за сопствената иднина во регионот и во Европа.

Тој исто така рече дека политичките лидери од регионот треба да обезбедат услови за младите да го прифатат бранот на промени во својте земји како би станале конкурентен дел на Европа.

„Политичките лидери од регионот треба да ги обезбедат сите услови за младите да го прифатат бранот на промени тука, во своите земји, во регионот и да станеме конкурентен дел на Европа. Регионот се менува и тоа е незапирлив процес, а младите се треба да двигатели на тие промени. Не може да чекаме некој друг да ни помогне“, истакна премиерот Заев.

Тој потенцираше дека Треба да ги обезбедиме сите услови младите да учествуваат во изнаоѓањето решенија за предизвиците и проблемите со кои се соочува нашиот регион и Европа.

Повеќе на Канал 5.

- Реклама -