Вучиќ најавува воведување „трајни дозволи за работа“ во земјите членки на иницијатива Мал Шенген

Во Нови Сад на 4. Регионален младински форум на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на власта: Презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, учество зедоа претседателот Стево Пендаровски заедно со претседателите на Србија и на Словенија, Александар Вучиќ и Борут Пахор. Пренесува дописникот на МИА.

Пендаровски  рече дека е потребно менување на менталниот сколоп во регионот, наместо да се чека порака од Брисел потребно е во регионот да се внесе ЕУ преку реформи и економски развој.

– „Потребно е менување на менталниот склоп во регионот. Наместо да чекаме пораки од Брисел и големите центри, да ја донесеме ЕУ во регионот со реформи и економски развој, за младите да останат дома“ – изјави на панелот Пендаровски.

Тој им упати порака „на младите да им се овозможи првата шанса за работа да ја добијат дома, за што е и реализацијата на иницијативата за т.н. „Мал Шенген“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна за да се задржат млатите дома потребно е да им се понуди перспектива со добра политика и раст на економијата со високи плати.

Тој исто така посочи дека во таа насока е и иницијативата „Мал Шенген“. Вучиќ најави и воведување на „трајни дозволи за работа“ во земјите членки на иницијатива Мал Шенген.

Повеќе ТУКА.

 

 

- Реклама -